Нов и современ лик ќе добие плоштадот “Коцка” во Автокоманда


Плоштадот „Коцка“ во Автокоманда, кој се наоѓа зад Домот на културата „Димитар Влахов“, ќе добие нов изглед. Граѓаните од овој дел на Гази Баба ќе добијат ново катче кое ќе биде мултифункционално, наменето за сите возрасти.

tumb
Проектот, како што соопшти општина Гази Баба, се гради во три фази. Првата фаза ги опфаќа најкрупните зафати и тие речиси се готови. Поставено е ново економично смарт осветлување, изградени се пристапните рампи за лица со инвалидност кои меѓу себе се поврзани.
Во фаза на изградба е новата пристапна платформа која ќе го поврзе плоштадот со Домот на култура, а се работи на плочникот кој ќе биде обложен со ситнозрнест гранулиран бетон, како и на скалите на плоштадот. Првата фаза ќе се финализира со поставување урбана опрема.
– Целиот простор ќе има форма на отворена сцена која ќе претставува одлично место за културни манифестации, а ќе се простира на површина од 2.300 метри квадратни, се вели во соопштението од општина Гази Баба.
Во втората фаза ќе се гради современо детско игралиште, а во третата ќе се уредува паркинг просторот, кој ќе биде ограничен само на потребите на станарите или сопствениците на дуќаните во околината.

mkd-386171

38735626_216652032343070_30

38902130_216652115676395_43


Skopje ID
[fbcomments]