Нови велосипедски патеки во Скопје


Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри.

velosipedska-pateka-94367
Нови велосипедски патеки ќе има на бул. „Борис Трајковски“ – од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ (3132 метри), на улица „11 Октомври“ – од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ (666 метри), на бул. „Крсте Петков Мисирков“ – од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар (1142 метри) и на улица „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ (310 метри).

„Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на реконструкција на велосипедските патеки на бул. „8 Септември“ – од крстосница со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосница со улицата „Скупи“, соопшти Град Скопје.


Skopje ID
[fbcomments]