Новиот Nissan Juke ќе пристигне дури во текот на летото 2019-та?


Иако првично се очекуваше новата генерација на моделот „Juke“ да биде претставена во текот на есента оваа година, премиерата на ова возило најверојатно ќе се случи дури во половината на следната.

milion-juke3334

Како што пишува „AutoExpress“, популарниот поткомпактен „SUV“, кој дебитираше уште во 2010-та, наследникот ќе го добие дури во летото 2019-та.

Кога „Nissan Juke“ на почетокот на оваа деценија се појави на пазарот, едни го сметаа како исклучително непривлечен, додека за други беше многу интересен затоа што според изгледот се разликуваше многу од останатите на пазарот.

Со текот на времето „Juke“ се избор за „место под сонцето“, па по осум години е продаден во преку милион примероци.

Овој автомобил, кој за купувачите во Европа се изработува во Велика Британија, веќе долго време е во продажба без стилски промени, но и технолошки подобрувања, па и по речиси една деценија се уште е популарен меѓу купувачите на мали кросовери, и покрај големата конкуренција.

Втората генерација ќе ја користи механичката платформа на „Renault-Nissan“ – „CMF-B“ и современите мотори на оваа француско-јапонска автомобилска групација.

Новиот „Juke“ на премиерата би може да биде понуден со 1,5-литарски дизел, како и мал 1,0-литарски бензинец, а во игра е најверојатно и помоќна верзија со 1,6-литарски бензинец со 190 ks.

„Nissan“ најави дека „Juke“ и натаму ќе има дизајн кој ќе го издвојува од конкуренцијата, но и нешто подолго меѓуосовинско растојание во однос на првата генерација, со цел да се обезбеди поголем комфор при возењето за патниците на задните седишта.

Како и неговиот претходник, и моделот од втората генерација ќе се изработува во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд, Велика Британија.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »