Новиот Audi Q3 ја доби наградата „Best Cars 2019“

Новиот Audi Q3 се етаблира како победник веднаш откако се појави на пазарите, oсвојувајќи ја првата награда во категоријата „Компактни SUV / off-road“ возила во изборот на читателите на „Best Cars 2019“ од германскиот технички магазин „auto motor und sport“.


Dynamic photo Colour: Turbo blue

„Оваа награда е важна за нас, бидејќи потврдува колку добро концептот на новиот Audi Q3 го примаат клиентите“, вели Јенс Рикерт, Продукт Менаџер на производителот, кој ја прифати наградата на церемонијата во Штутгарт: „Компактниот SUV со сигурност покажува што може да направи. Поради своето одлично меѓуоскино растојание, сега е поголем токму каде што семејствата имаат потреба од простор. Покрај тоа, сега е уште повеќе разновиден. Неговиот дигитален, интуитивен концепт на работа со инфо-забавниот систем преку дисплејот, како и неговите иновативни системи за помош, доведуваат до целосна доминација во компактниот сегмент, со што Audi Q3 претставува  совршено возило за сите возачи.


Static photo Colour: Turbo blue

Изборот на читателите за „Best Cars 2019“ од „auto motor und sport“ е едно од најважните признанија за европската автомобилска индустрија. Се одржаува веќе по 43-та година по ред. 385 модели се натпреваруваа во единаесет категории. Секој читател има право на два гласа за секоја категорија: Еден за својот омилен кандидат, нивниот севкупен победник, а другиот за најдобро увезено возило. Audi Q3 се натпреваруваше против 56 конкуренти во категоријата “компактни SUV / off-road возила” и победи со 14,4 проценти од гласовите.



Skopje ID
[fbcomments]
Translate »