Новиот иновативен семеен пријател од Opel – Combo Life


Opel ja продолжува прозиводната офанзива со лансирање на вистински универзалец наречен Combo Life, за кој велат дека е чудесен семеен автомобил преполн со иновации кои праваат се да биде можно.

Станува збор за ван во кој може да се сместат седум лица, а со нив и неколку домашни миленици. Пред неколку денови, Citroen го симна превезот од новото Berlingо, а сега пред нас е и неговиот сроден модел на иста платформа, Opel Combo Life.

Очекувано, Combo Life визуелно се разликува од Citroën Berlingо по дизајнот на предниот дел – маската на ладилникот, фаровите, браникот, додека останатиот дел од каросеријата на возилото е речиси идентичен со Berlingо.

Доаѓа во две должини на каросеријата и две кабински конфигурации, со пет или седум седишта (за продолжената верзија). Се разбира, главниот атрибут е големиот простор на кабината, за што во голема мера придонесува зголеменото меѓуоскиното растојание. Стандардниот модел е долг 4,40 метри, а продолжениот 4,75 метри.

На врвот од централната конзола во салонот е централно поставен 8-инчен екран од мултимедијалниот систем. Системот е опремен со функции како Apple CarPlay и Android Auto за поврзување со паметни телефони. На располагање се и безжичен полнач за паметни телефони, 230 волтен приклучок за напојување и USB порти.

Во зависност од нивото на опремата, Combo Life може да биде опремен со греење на воланот, греење на предните седишта, head-up дисплеј, систем со задна камера која покрива 180 степени и разни други опции, вклучувајќи и различни системи за асистенција на возачот (препознавање на сообраќајни знаци, асистент за одржување на автомобилот во лентата на движење, адаптивен темпомат, предупредување за поспаност и деконцентрација на возачот, напреден систем за помош при паркирање …).

Стандардниот модел располага со 597 литри багажен простор (мерен до врвот на задните седишта), додека верзијата со продолжено меѓуоскино растојание, со исправени задни седишта, може да се пофали со 850 литри корисен простор. Задната клупа стандардно е поделена во сооднос 60:40, а опционално може да се добие со три поединечни седишта.

Багажниот простор е навистина голем, а тука се и многуте дополнителни прегради и простори за различни предмети, со горната полица од 36 литри.

Combo Life ќе биде достапен со широк спектар мотори на бензински и дизел мотори, поврзани со менувачи со пет или со шест брзински менувачи, а за прв пат во сегментот опционално е достапен и осум-брзински автоматски менувач.


Skopje ID
[fbcomments]