Нереалната убавина на Палма де Мајорка


Палма де Мајорка е најголемиот остров на Балеарските острови, тој е и ќе остане една од најобожуваните дестинации на патниците низ целиот свет. Покрај тоа што сте во можност посетата на Мајорка да ја комбинирате со другите два популарни острови – Ибица и Менорка, постојат многу причини за посета.

sxdq5-palma-de-majorque

Само некои од нив се прекрасните одмаралишта, луксузни хотели и превкусната храна. Има неверојатно погодна клима со долги суви лета. Исклучително географската положба направи овој остров покрај пријатната клима да има и бујна вегетација како и чисто плитко море со природни песочни плажи.

Денес овој остров има нереална убавина и го посетуваат повеќе од 20 милиони гости од сите континенти. На Балеарските острови летото го поминуваат и членовите на шпанското кралско семејство. На Мајорка уживаше и Фредрик Шопен, Жорж Санд, а многубројни славни глумци и спортисти поседуваат луксузни вили и апартмани.

Постојат премногу делови од градот кој ќе Ве воодушеват, а главните атракции и продавници се наоѓаат околу масивните готски катедрали покрај брегот на морето. Ова подрачје, познато како Стариот град Палма е полно со древни пролази, историски споменици и величествени архитектури. Овде има премногу знаменитости, пешачки стази, култни кафе барови, галерии и бутици. Благодарејќи на овие атракции кои се спакувани во еден квадратен километар, стариот град е многу лесен за да се истражува.

Castell de Bellver мора да биде вклучен во Вашата листа за разгледување, бидејќи тоа е кружен готски замок од 14 век, со кружни кули, кои во минатото служеле како затвор, а денес е домаќин на градскиот историски музеј на Мајорка.

Најпознатата плажа е Плаја де Палма, долга 6 километри, но не само тоа. Плажите Колобро и Порто Петро се истакнуваат поради својата убавина, додека Порто Кристо е на исток, локацијата каде ќе можете да ја посетите пештерата на Змејовите, една од најголемите подземни пештери со езеро.


Skopje ID
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »