Нема да се градат Шпанските скали


Градиначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го поништи и го прогласи за ништовно издаденото оддобрени на „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објекти за комерцијални и  деловни намени во централното градско подрачје, информираат од Општина Центар.

spanski-skali-2014-659x342

Надлежните во општината констатирале, дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот.

-Според член 66 став 1 од Законот, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога оддобрението за градба станало правосилно, велат од општината.

Со поништеното решение вон сила се става и изградбата на Шпанските скали на плоштадот. Според идсејното решение, зградата во чиј склоп требаше да бидат и скалите, требаше да биде висока 16 метри.


Skopje ID
[fbcomments]