На 31 март трибјут концерт за Дејвид Боуви

На 31 март во малата сала на ВИП арената „Борис Трајковски” ќе се одржи концерт насловен како Mr. Ziggy And The GlassSpiders, трибјут бендот за легендарниот Дејвид Боуви (David Bowie).

Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за Дејвид Боуви, а концертот ќе почне во 21 часот.

Бендот постои од 1991 година и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 година се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. Mr. Ziggy And The Glass Spiders изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви.

На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со Mr. Ziggy And The GlassSpiders ќе ги отпеат безвременските дуети на Боуви кои ги отпеја заедно со Квин, Тина Тарнер и Мик Џегер.

Влезниците во претпродажба за концертот ќе бидат пуштени во вторник 6 март во 14 часот по цена од 350 денари.

Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денари, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП Арената влезниците ќе чинат 500 денари.

Влезниците може да се најдат во Југотон, во (ГТЦ) и продажната мрежа на Тикет плус, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk.


Skopje ID
[fbcomments]