На Карди Би ѝ “пукнал“ комбинезонот додека тверкала на настап

Кога сфатила што ѝ се случило, Карди Би “побегнала“ од сцена и облекла пењоар под кој имала само гаќички и градник. Потоа пењоарот паднал и Карди Би на посетителите им го покажал својот градник.

Раперката Карди Би (26) само што се врати на своите настапи откако некое време паузираше поради компликациите околу липосукцијата и зголемувањето на градите, а веќе ѝ се случи неволја. Во неделата настапуваше на музичкиот фестивал во Тенесеи, а носеше тесен, шарен комбинезон кој не ги издржа нејзините облини, пренесуваат од „Daily Mail“. 

Во текот на нејзиното играње и тверкање комбинезонот “пукнал“ на меѓуножјето и покажал премногу. Додека некои од обожавателите сметаат дека таа ова го направила намерно за да порасне нејзината популарност и посветеност на концертите, други мислат дека ова е случајна грешка.

Кога сфатила што ѝ се случило, Карди Би “побегнала“ од сцена и облекла пењоар под кој имала само гаќички и градник. Потоа пењоарот паднал и Карди Би на посетителите им го покажал својот градник.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »