НАЈЧУДНИТЕ РАБОТНИ МЕСТА ВО СВЕТОТ


Скривачи на регистерски таблички и дадилка за ноеви се само некои од најневеројатните работни места во светот, но од пред извесно време и Македонија е во трката за најчудно работно место.

224476-najchudnite-rabotni-mesta-vo-svetot

Така во Техеран постојат професионални скривачи на регистерски таблички. За да се растерети сообраќајот во Иран, воведена е наплата за влегување во одредени градски зони, а за да избегнат плаќање и евентуални казни, одредени возачи плаќаат „скривачи“ што одат зад возилото кога тоа ќе помине преку наплатниот пункт.

Во Шри Ланка за некои празници се организира дефиле на слонови, а нивните шарени костими ги шијат шнајдери со акредитација за таа работа.

Познато е дека ноевите имаат „тежок карактер“ и знаат да бидат многу агресивни, особено нивните потомчиња. Па за да избегнат меѓусебни пресметки, јужноафриканските одгледувачи на ноеви најмиле дадилки за чување на бебињата ноеви, што внимаат тие да не се повредат меѓу себе.

Неженетите мажи во Јапонија на кои им здосадува да спијат сами в кревет, можат да изнајмат „друштво за дремка“. Оваа услуга чини 60 долари на час и вклучува само спиење.

Покрај сите овие вонредно занимливи работни места, овие денови и Дормео отвори повик за работно место Дормео Спијач! Потребните квалификации се пред сè да бидете талентиран спијач, одговорен, посветен и да можете да спиете под притисок. Од Дормео велат дека не примаат кандидати со врски, ниту ќе толерираат позери.

Ако ја сакате работата од соништата или го познавате идеалниот кандидат, пријавете се за работното место Дормео Спијач. Таа позиција ви овозможува да одите на работа, да легнете и да спиете и секако да уживате во паузата за доручек во кревет.
Тој или таа, ќе бидат платени по 100 евра за еден ден спиење!

Ако ја сакате работата од соништата, пријавете се на spijaci.mk, најдоцна до 18 март.


Skopje ID
[fbcomments]