Најновиот спот на dRUMELODY е снимен во пустините на Дубаи

За песната Blood од албумот Hyperbola денес премиерно ќе биде прикажан видео спотот, снимен во пустините на Обединетите Арапски Емирати.

Продукцијата на песната е плод на слободата на звучните истражувања во кои се користени синтетички вокали. Визуелно, спотот ги следи светските трендови и претставува креативно освежување. За тимот пустината е многу повеќе инспиративна од сјајот и блескавилото на Дубаи.  

“Беше интересно да се работи со интернационален тим зашто секој внесуваше дел од својата особеност, креативност. Како автор на песната, ги разбирам и почитувам другите автори и затоа на режисерот, кинематограферот и на актерите им дадов целосна слобода да го снимат видео записот онака како што сакаат. Задоволен сум со финалниот производ, зашто е поинаков, можеби со неочекуван стил, наменет за светскиот пазар. И сум нетрпеллив да ги видам критиките на публиката” – изјави артистот Берин Тузлиќ кој стои зад уметничкото име dRUMELODY .


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »