Најекстремни сцени на новиот агент 007: Спасувачи и целосна подготвеност

Еден од снимателите на новиот филм за Џејмс Бонд за „Mirror“ открил дека овојпат се работи за најопасната авантура на легендарниот агент 007.

Според тврењата на “подводниот“ камерман Кјетил Ц Аструп, во новиот филм, Џејмс Бонд ќе се бори 5 метри под површината на замрзнатото езеро. Тие сцени се снимаат во Норвешка.

„Ова веројатно е најекстремната работа која Даниел Крег и другите актери мораа да ја изведат. Сепак се работи за јубилејниот 25-ти Бонд и најверојатно последниот во кој ќе глуми Даниел па затоа мора да има нешто посебно“ – изјавил Аструп.

Нагласил дека се работи за исклучително опасна сцена во текот на која постојано спасувачите биле подготвени да реагираат.

„Во „Спектар“ видовме дека Даниел во Венеција заврши во вода, но никогаш досега сме немале подводна борба ниту пак актерите некогаш се наоѓале под мраз“ – изјавил камерманот.

Тој открил како Крег и останатите актери со недели тренирале со резервоари за нуркање пред да почнат да ја снимаат таа сцена, а камерманот морал да вежба прицврстување на опремата за снимање на мраз.

„Температурата на водата е 1 целзиусов степен. Мора да користиме посебна опрема за да не дојде до нејзино замрзнување. Мразот се собира околу маските за дишење и го блокира протокот на воздух. Додека нуркаме на себе имаме специјално електрично загревање, а штом завршиме со нуркањето веднаш влегуваме во базени за греење. Многу луѓе и многу опрема одат под мразот, а доколку заглавиме таму тоа ќе биде многу опасно. Тешко е да се извлечеме, тешко е да комуницираме“ – додал тој.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »