Најава за Global Game Jam Macedonia 2019 game-dev маратон

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2018 година на Global Game Jam се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 803 локации во 108 земји и беа создадени точно 8.606 игри.

Global Game Jam Македонија 2019 очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје и Битола. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап, храна и грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 3000 луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

Нашите учесници се професионалци и студенти од ИТ индустријата. На #ggjm19 ќе се среднат:

  • Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд инженери, гејм дизајнери и продуценти
  • Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во ИТ индустријата
  • Просечната возраст на нашите учесници е 25 години
  • 40% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата
  • Сите поседуваат high-end ИТ технологија (лаптопи, таблети, паметни телефони)
  • Тие се почитувани членови на online заедницата во Република Македонија

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола. Во изминатите пет години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 1500 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. Досега се создадени 142 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на нашата web страна: http://gamejam.mk


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »