Наскоро на пазарот: Air Jordan 4 Raptors


Откако Air Jordan го најави излегувањето на новиот модел наречен Raptors, цел свет полуде и со нетрпение го исчекуваше денот на нивното појавување на пазарот.

Czk8s-air-jordan-4-raptors

Сега тој датум конечно е пред прагот, бидејќи овој бренд изјави дека патиките ќе се најдат во продажба веќе од следната недела во САД, а потоа и во остатокот од светот.

Како што е секогаш случај со патиките Air Jordan, новиот модел одлично ќе ви прилега на теренот, но и надвор од него. Патиките се инспирирани од клубот Toronto Raptors, па оттаму и самото име и комбинацијата на бои која е навистина генијална. Иако на прв поглед моделот делува темно, виолетовите и циклама детали ги прават патиките да изгледаат феноменално.

Освен добриот изглед, Air Jordan 4 Raptors можат да се пофалат и со мек анатомски ѓон, како и посебен дизајн кој го заштитува и го држи глуждот на место.

Со оглед на тоа што станува збор за специјално издание на патики, нивната цена ќе изнесува 190 долари – цена која за колекционерите на патики сигурно нема да претставува проблем.


Skopje ID
[fbcomments]