Надал го откажа настапот во Акапулко


Вториот светски рекет Рафаел Надал го откажа своето учество на АТП турнирот во Акапулко поради повреда.

nadal-696x392

Шпанецот требаше да игра ноќеска против Фелисијано Лопез, но неколку часа пред мечот соопшти дека нема да игра. Тој изјави дека чувствува болки во ногата, но не кажа дали тоа е истата повреда од Австралија Опен кога го предаде четвртфиналниот дуел против Марин Чилиќ.

„Целта ми беше да одам до крајот на овој турнир, но почувствував силни болки за време на тренинг”, рече Надал.

Мечот против Лопез требаше да биде прв за него по Австралија Опен, односно по пауза од еден месец. Поради отказот тој ќе загуби 300 бода и дополнително ќе заостане зад Роџер Федерер на АТП листата, но поголем проблем е тоа што сега во прашање е доведен настапот на Индијан Велс и Мајами. Првиот од двата Мастерса во сезоната почнува идната недела.


Skopje ID
[fbcomments]