Мурињо застана во одбрана на Смолинг по дуелот со Лео Меси

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, застана во одбрана на Крис Смолинг по неговиот жесток физички старт врз Лионел Меси.

Стоперот на Манчестер Јунајтед буквално го „одвеа“ малиот Аргентинец кој заработи повреда на носот, но го продолжи натпреварот и ги одигра сите 90 минути.

Португалскиот стратег даде свое видување на оваа ситуација и потенцираше дека Смолинг не го сторил тоа намерно.

– Ситуацијата со Смолинг и Меси е ништо. Се случува. Смолинг е висок фудбалер со екстремно долги раце. Не мислам дека имаше намера да го повреди Меси, -истакна Мурињо, а потоа ја пофали дефанзивната задача на тимот на Солскјер.

– Од дефанзивна гледна точка тие беа доста добри, успеаја да држат многу играчи на Барселона зад топката. Сепак, има два натпревари, па треба да го одиграат и гостинскиот, -заклучи Мурињо.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »