МОРСКИОТ ЛАВ ГЕТЕ ОД НИРНБЕРГ E НОВIOT ЖИТЕЛ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Во скопската Зоолошка градина од денеска нов жител е морски лав Гете. Тој во Скопје дојде од градината во Нирнберг, Германија и има една и пол година.

„Бебето морски лав од Германија дојде заедно со Зоо негователи и одлично се прилагоди на новото живеалиште и другарот Кан. Деновиве завршивме и со реновирањето на живеалиштето за морските лавови. Покрај внатрешноста поставена е и тенда врз базенот за да не им биде топло во текот на летото“, вели директорот на скопската Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски.

Во Зоолошката градина досега имаше еден морски лав Кан. Тој веќе две години е сам во своето живеалиште откако вториот морски лав Аби, кој заедно со Кан во 2015 година стигна во Скопје од Зоолошката во Загреб, угина во февруари 2017 откако голтна камен кој му бил фрлен од посетител.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »