Модата на MTV EMA: Камила Кабело и Џејсон Деруло за чиста 10-ка


Европските музички награди на МТВ, вчеравечер, ги собраа едни од најпознатите музички ѕвезди во Билбао, Шпанија. Водителка на настанот беше 21-годишната Хајли Стеинфилд, која на црвениот тепих се појави во фантастично, кратко, сребрено фустанче, и веројатно беше една од најдобро облечените таа вечер.

20181105101450

Сепак оваа година, модните избори на присутните некако како да нѐ разочараа. Многу кич, мешање на бои и светкави детали.

За чудо, Дупа Липа која важи за девојка со одличен моден вкус, беше една од најлошо облечените на настанот, рамо до рамо со Бебе Реџа која се појави во прекич дуксер фустан и премногу додатоци.

Актерката Линдзи Лохан истотака носеше чудна креација на себе. Бојата воопшто не одговараше на нејзиниот блед тен.

Девојките од Литл Микс- секоја во свој филм. Изгледаа свои и супер во 4 сосема различни креации.

Младата пејачка Камила Кабело според коментарите на публиката, дефинитивно беше најдобро облечената девојка вечерта. Се појави во едноставен долг црвен фустан, кој одлично одговараше на нејзината фигура.

Џејсон Деруло пак, беше тотален моден погодок од страната на мажите. Долгото палто во негов стил, моторџиските чизми и накитот- навистина за чиста 10-ка!



Skopje ID
[fbcomments]