Настан: Младите на велосипед 2015


Како дел од проектот „Младите на велосипед 2015“, здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин организира едукативна трка со велосипеди. Проектот има за цел да поттикне што повеќе млади да го користат велосипедот како основно превозно средство, подобрувајќи ги условите за користење на велосипедот како превоз до училиште и подигнувајќи ја свеста на велосипедистите за останатите учесници во сообраќајот.
На 28 мај 2015, со почеток од 10:30 часот, 30 ученици од основните училишта „Христијан Тодоровски – Карпош“, „Гоце Делчев“ и „Јан Амос Коменски“ ќе се натпреваруваат во градскиот парк. Трката ќе започне од „фонтана парк“ и ќе има определено повеќе „станици“ во рутата по која учесниците ќе возат низ паркот. На секоја станица ќе има определено Гоу Грин членови кои ќе поставуваат прашања за велосипедизам и климатски промени. Критериум за победникот ќе биде бројот на точно одговорени прашања.

Победникот ќе добие персонализација на велосипедот од страна на „Dragon custom bikes“.
Наградите за второ и трето место ќе бидат доделени од страна на Треска Спорт – https://www.facebook.com/treska.sport

10257140_951295991558572_1262504990911083104_o


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »