Милнер: Сме играле секаде ама ваква атмосфера како на „Маракана“ не сме виделе никаде (ВИДЕО)


Црвена Звезда приреди вистинска сензација со победа од 2-0 против Ливерпул во Лигата на шампионите. Но, покрај резултатот, она што вистински го воодушеви фудбалскиот свет е атмосферата на најголемиот српски стадион, популарната „Маракана“ од која беа восхитени и фудбалерите на Ливерпул.

И капитенот на Ливерпул, Џејмс Милнер во разговор со фудбалерот на Црвена Звезда, Милош Дегенек, истакнал дека секоја недела играат на „Енфилд“ но вакво нешто досега не виделе.

„Кога излегувавме на терен разговарав со Милнер и веднаш ми кажа дека тој и сите негови соиграчи никогаш не доживеале вакво нешто а играле во карирерата на толкав голем број стадиони. Тешко е да се објасни магијата на ‘Маракана’, непроценливо… И Милнер и уште неколку фудбалери на Ливерпур ни рекоа дека им било чест да се игра во таква атмосфера“ – вели Дегенек, репрезентативец на Австралија, кој смета дека Ливерпул ја потценил Црвена Звезда и затоа следел поразот.

„Мислам дека Ливерпул не потцени, а ние од друга страна одигравме одлично и ја заслуживме оваа победа“.


Skopje ID
[fbcomments]