Милан го загуби најважниот фудбалер за Суперкупот против Јувентус


Милан синоќа против СПАЛ кончно им се врати на победите, но радоста за тренерот Гатузо и „росонерите“ не беше целосна.

30.12suso1

Имено, при самиот финиш на мечот Сусо заработи црвен картон, а тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот на Италија.

Милан и Јувентус на 16-ти јануари ќе играат меч за трофејот од Суперкупот, а поради црвениот картон Сусо нема да може да игра.

Разочарувањето кај Гатузо и навивачите е огромно, со оглед на фактот што Шпанецот е еден од најважните играчи во тимот.

„Жал ми е, поради тимот, тренерот и навивачите, но и поради мене. Според мене исклучувањето беше неправедно, жалам што ќе го пропуштам Суперкупот“, напиша Сусо на Инстаграм.



Skopje ID
[fbcomments]
Translate »