Меѓународен хуманитарен базар в сабота во ГТЦ

По повод Меѓународниот ден за заштита на правата на детето, оваа сабота, со почеток во 11 часот, во Градскиот трговски центар во Скопје, ќе се одржи традиционалниот Меѓународен хуманитарен базар.

Базарот го организра невладината и непрофитна организација „Добредојде“, Macedonia Welcome Center, во соработка со 27 амбасади и меѓународни организации, кои на него ќе претстават и ќе продаваат производи од своите матични земји.

Собраните средства од продажбата ќе бидат донирани за дечињата во Центарот за церебрална парализа – Скопје.

Почесен претседател на годинешниот Меѓународен хуманитарен базар е амбасадорот на Република Чешка во нашата земја, Мирослав Томан.

Дополнително, истиот ден ќе се одржи и дипломатски хуманитарен концерт со наслов „Слушни ме со своето срце“, што ќе се одржи во малата сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »