Металург скапо ја продаде кожата, но претрпе нов пораз во ЛШ


Избраниците на Металург ветија дека ќе се борат на секој натпревар кој ќе го одиграат во Лигата на шампионите оваа сезона, па по поразите од Спортинг и Бешикташ, денеска во Скопје гостин беше тимот на Татран Прешов кој сепак само докажа дека е во одлична форма.

T-5

Металург скапо ја продаде кожата и беше во игра како на ниту еден друг меч оваа сезона, но сепак немаше сили во завршницата во која гостите успешно ја одржаа предноста која ја стекнаа некаде во периодот од 40-та до 45-та минута.

Данило Брестовац на пресот пред мечот порача дека неговиот тим ќе може да се надигрува со Татран Прешов, а мора да се напомене дека тоа беше така во најголем дел од натпреварот, со исклучок на средината на вториот дел. Металург имаше само еден гол негатива на полувремето (12:13), а на стартот на вториот дел дојде и до минимална предност. Сепак, на средина на вториот дел Татран дојде до предност од плус четири, а тоа беше најава за падот на неискусниот македонски тим кој на крајот загуби со 24:29 во „Јане Сандански“.

Јагањац со пет гола од 11 обиди беше најефикасен во нашиот тим, додека одличен на голот беше Томовски со девет одбрани.


Skopje ID
[fbcomments]