Меси уште еднаш ќе му фрли ракавица во лице на Роналдо


ФИФА го шокираше фудбалскиот свет со одлуката дека Лионел Меси не е помеѓу тројцата фудбалери кои ќе се борат за титулата најдобар во светот за 2018. година.

messi09.07

Пред неколку недели, ФИФА објави дека Меси е дури петиот најдобар играч во оваа година, а за титулата најдобар ќе се борат Модриќ, Роналдо и Салах. Сепак, многумина мислат дека Меси треба да биде во местото ТОП 3 со оглед на тоа што ја одведе Барса до двојна круна и дека е најдобар стрелец во Европа поради што и ја освои Златната копачка.

Меѓутоа, комисијата за оваа награда размислува поинаку, а конечниот победник ќе го дознаеме до крајот на годината. Но, она што позитивно ја изненади фудбалската јавност е фактот дека Лионел Меси и покрај се одлучи да дојде на церемонијата за прогласување на победникот, иако не е во конкуренција.

Многумина веруваат дека Меси на тој начин сака да покаже дека не е премногу тажен што по повеќе од десет години нема да биде во борбата за најдобар играч во светот. Но, исто така тоа е и ракавица во лицето на Роналдо кој обично не доаѓа на церемониите на кои знае дека нема да победи, што беше случај и неодамна во изборот за најдобар играч на Европа.


Skopje ID
[fbcomments]