„Мерцедес“ нема да дозволи препродажба на својот најскап автомобил


Производителот со лого на трикрака ѕвезда на почетокот на следната година ќе почне со испорака на 275 примероци од својот најлуд и најскап автомобил – „проект уан“.

01-mercedes-benz-vehicles-mercedes-amg-project-one-hypercar-iaa-2017-3400x1440

Ограничената количина е одамна распродадена по цена од 2,27 милиони евра по примерок, но бидејќи побарувачката е многу поголема од понудата, во „Мерцедес“ се свесни дека голем број сопственици тешко ќе одолеат на можноста за брза заработка.

Веќе сме веќе навикнати да гледаме понуди за продажба на производни „слотови” кога се овие егзотични возила во прашање, а ни „проект уан“ не е исклучок, па така на Mobile.de неодамна осамна оглас во висина од 5,2 милиони евра.

amgm333

Продавачот кој планирал да ја удвои инвестицијата наскоро ја отстранил понудата од интернет, но во „Мерцедес“ работите не се препуштаат на случајност. Имено, Германците во купопродажните договори вклучиле неколку одредби со кои на новите сопственици им се забранува брза препродажба на автомобилите.

Како Германците планираат да продолжат со спроведување строги контроли откако ќе ги испорачаат автомобилот и клучевите – останува да се види.

media.media.4c56ac2a-0d9c-4d14-a257-b0a543b753da.original1024

leak-mercedes-amg-project-one-grins-for-the-camera-in-frankfurt_5


Skopje ID
[fbcomments]