Медената вода има над 20 позитивни ефекти врз организмот


Нема човек кој не знае колку е медот благотворен и здрав, а повеќето од нас го знаат и стариот “трик” за силен имунитет и подобра состојба на организмот – денот треба да го започнете со една лажичка мед.

KVe2X-bigstock-honey-in-glass-jar-and-honeyco-108997346

Овој напиток се користи уште од дамнешни времиња како сојузник на женската убавина, но и како превентива и лек за различните абнормални состојби во организмот. Медената вода го подобрува имунитетот, ја лечи настинката и бронхитисот и ја намалува слузта.

Исто така, ја нормализира работата на дебелото црево, односно ја обновува целата цревна микрофлора. Оваа мешавина ја подобрува дигестијата и варењето, што директно значи дека со помош на неа и полесно се слабее.

Медената вода има антибактериско, антивирусно и антифунгално дејство врз организмот.

Мешавината од вода и мед може да се употребува и за нега на кожата – земете еден памучен туфер и натопете го во медената вода, а потоа исчистете го лицето и деколтето. Ваквиот тоник ја негува кожата, правејќи ја мека и еластична. По употребата, исплакнете со млака вода и нанесете хидратантна крема за лице.

Со медената вода може да ја негувате и вашата коса пред миењето – веднаш ќе забележите одлични резултати.

Како се припрема медена вода?

Во чаша млака вода (250 милилитри) измешајте една кафена лажичка органски мед. Медот помешан со водата формира кластерно соединение, што ги зголемува нејзините лековити својства.


Skopje ID
[fbcomments]