Лионел Меси објави дека доби трет син


Лионел Меси и Антонела Рокуцо се среќни родители. Славниот пар му посака добредојде на овој свет на своето трето дете.

01 (1)

30-годишниот фудбалер и неговата сопруга добија уште едно синче кое ќе се вика Чиро. Убавата вест ја соопшти Меси со фотографија на која бебенцето со малото раче го држи за прстот.Меси и Антоанела стапија во брак во јули минатата година. Тие се познавале од мали нозе, бидејќи Антоанела е братучетка на најдобриот другар на Лионел од детството, а официјално објавија дека се во врска во јануари 2009 година.Меси и Рокуцо се родители и на Тијаго (роден во ноември 2012 година) и Матео (роден септември 2015).

„Добредојде Чиро. Му благодарам на Бог што сè помина во најдобар ред. Мама и бебето се добри. Пресреќни сме!!!“ – напиша тој.

Веста за третата бременост парот ја сподели со слатка фотографија на која сите го галат трудничкото стомаче на Антоанела.

01 (2)

 


Skopje ID
[fbcomments]