Лејкерс се откажуваат од Леброн?


Наместо тоа, фокусот ќе биде ставен на летото 2019 година, кога слободни агенти ќе станат играчи како Каваи Ленард, Клеј Томпсон и Џими Батлер.

152940-lejkers-se-otkazhuvaat-od-lebron

Општо уверување во американската јавност беше дека „езерџиите” многу извесно, прават место во „селари-капот” се со цел во текот на летото кое доаѓа да донесат две суперзвезди.

Но се чини дека тој план пропаѓа, посебно ако се знае дека една до планираните, Пол Џорџ, најави дека предност во разговорите би имала Оклахома, без оглед на тоа дека е роден во ЛА.
Демаркус Казинс се повреди, и тоа потешко, додека пак Леброн Џејмс сигурно не би дошол кај нив без соодветна Ол-стар придружба.
Два основни детали се мошне битни за големите планови на Меџик Џонсон и соработниците.
Еден е дека е мора да се прават непосакувани отстапки во трејдовите (краен рок е четврток) како организацијата би се ослободила од високите договори, а другиот пак е една дополнителна година во која младиот играчки „нуклеус” (Инграм, Бол, Кузма, Харт) би пораснал за уште едно ниво.
Во овој момент, Лејкерс се на 11. место на Западот, со скор (21-31, а победија на 10. од последните 14. мечеви.


Skopje ID

Коментирај