Летиција Каста доаѓа во Македонија


Во периодот од 20 јули до 24 август во околината на Битола ќе се одвива снимањето на долгометражниот игран филм „Зад хоризонтот” (Le Milieu De L’Horizon), копродукција помеѓу Бокс продакшнс од Швајцарија и Антре шаен ет луп од Белгија. Филмот е во режија на Делфин Лерисе и финансиски е поддржан и од Еуримаж. Носител на филмскиот сервис е „Кино око”.

mkd-383420
Eдна од главните улоги во филмот толкува Летиција Каста, позната од улогите во филмовите „Астерикс и Обеликс против Цезар“, „Генсбур: херојски живот“, „Родени во ’68“, „Луиза Санфеличе“… Летиција Каста е позната и како супермодел на Викторија сикрет, беше на насловните страници на најголемите светски модни магазини и учествуваше на ревиите на најпознатите дизајнери.

mkd-383421

Нејзина партнерка во филмот е Клеманс Поези, која глумеше во филмовите „Хари Потер и реликвиите на смртта: 1 и 2“, ТВ-сериите „Озборувачка“, „Гениј“, „Војна и мир“…
Филмот ги користи поволностите од Законот за филмска дејност во делот на поврат на финансиски средства што не се обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Со оглед на големите актерски имиња и сериозноста на продуцентските куќи што стојат зад голем број на успешни филмови, сметаме дека овој проект ќе биде од големо значење за промоција и афирмација на Македонија како дестинација за снимање на филмови, вели продуцентот Роберт Насков од „Кино око“.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »