Лековитите својства на кивијата: Го намалуваат нивото на холестерол


Кога станува збор за витамините, идеален избор за време на зимскиот период е токму кивито бидејќи содржи витамини од групата Б, како и витамините А и Ц и железо.

HU5c2-naom-5a00543dacf2a

Кивито е одлично овошје и за идните мајки бидејќи витамините од групата Б помагаат во правилен развој на фетусот. Значаен е и изворот на калиум кој го регулира крвниот притисок, а овој плод е богат и со фолна киселина која ја потпомага синтезата на протеини.

Ова моќно овошје го намалува нивото на холестерол, ги неутрализира слободните радикали, ја зголемува одбранбената способност на организмот и ја потпомага елиминацијата на токсини од телото.

Без стрес и главоболка

Благодарение на високовредните состојки, кивијата се ефикасни и во борбата против респираторните инфекции, а освен тоа, тие го зајакнуваат имунитетот, штитат од настинки, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести, мозочен удар и тумор, а помагаат и во борбата против главоболките и стресот.

Со редовното консумирање на свежо киви се намалува количината на триглицериди во крвта за 15 отсто.

За мека и здрава кожа

Поради високата содржина на витамин Ц и овошни киселини, кивито е честа состојка во производите за нега на лицето и телото.

Кивито ја штити кожата од сушење и ја прави мека и нежна, а освен тоа го регулира лачењето на себум, ги стеснува проширените пори и го забавува стареењето.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »