Кутињо се враќа во Ливерпул?!

Напаѓачот на Барселона, Филипе Кутињо повторно може да стане играч на Ливерпул.

Според „Ле 10 Спорт“ клубови од Премиер лигата, вклучувајќи го и Ливерпул, се заинтересирани за фудбалерот. Челзи и Манчестер јунајтед, исто така покажале интерес за него, но поради забраната за трансфер, лондонскиот клуб нема да може да направи трансфер. Минатата сезона, 27-годишниот Кутињо настапи на 54 натпревари за Барселона, постигна 11 гола и оствари пет асистенции.
Кутињо може да се врати во Ливерпул | opserver.mk


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »