Крвав референдум во Каталонија

Референдумот за независност на Каталонија се одвиваше со бројни инциденти на гласачките места, а граѓаните на Барселона велат дека состојбата е непредвидлива. Шпанската полиција со гумени куршуми ги растерувала Каталонците кои се обидуваа да излезат на гласање. Некои од граѓаните ги покажуваа куршумите со кои биле гаѓани.

kata-777x391

Каталонските пожарникари со жив штит ги бранат граѓаните од полицијата. Некои медиуми пренесоа дека неколку стотици лица се повредени, а оние во потешка состојба се хоспитализирани. Шефот на каталонската влада Карлес Пучдемон изјави дека употребата на гумени куршуми ја покажува бруталноста на полицијата.

„Полицијата одговара на гласачките кутии, гласачките ливчиња и на училиштата со палки и гумени куршуми. Тоа е пример за акции што не можат да се оправдаат“. – изјави
Карлес Пучдемон – лидер на Каталонија.

Портпаролот на каталонскиот влада, Жорди Турул, ги повика луѓето да гласаат мирно и достоинствено.

„Одбраната на демократијата секогаш ќе биде вредна. Можеме да објавиме дека 73 отсто од избирачките места се отворени. Бараме трпеливост и спокојство, ние сме должни да побараме трпеливост, бидејќи и покрај тоа што го кажавме во текот на овие денови, нападите и компјутерските блокажи се константни”. – изјави Жорди Турул – портпарол на каталонскиот влада.

Шпанската влада пак побара од каталонскиот лидер да го прекине референдумот за независност. Не натераа да направиме нешто што не сакаме, изјави Енрик Мило, претставник на шпанската влада во Каталонија.

„Тоа е срамно, фарса. Тоа е прв пат во историјата дека правилата на играта се менуваат пред почетокот на гласањето. Пучдемон и неговиот тим се единствените одговорни за се што се случува денес и за се што може да се случи ако не ја прекинат оваа фарса“. – изјави Енрик Мило претставник на шпанската Влада во Каталонија.

Гласањето предизвика најголема уставна криза во земјата во последниве децении и предизвика загриженост од насилството, поради тестирањето на волјата меѓу Мадрид и Барселона. Спротивно на централните власти, регионалната влада тајно создаде гласачки ливчиња, формираше избирачки списоци, организираше избирачки места и направи други потези за да се подготви за референдумот. Лидерот на Каталонците Пучдемон рече дека владата може во рок од 48 часа да прогласи независност ако победи на гласањето за незвисност на Каталонија. Властите во Мадрид изјавија дека референдумот е неуставен и дека референдумите станаа инструмент за избор на диктатори и се во спротивност со „целите и идеалите“ на Европската Унија. Инаку, причините за барање независност најмногу би можеле да бидат економски: во анкетата спроведена минатиот октомври, 80% Каталонци се изјасниле дека Мадрид зема преголем дел од данокот, на штета на регионалната инфраструктура. Каталонија се граничи со Франција и со Андора и има 214 километри долг брег на Средоземното море. Со 7,5 милиони жители е вториот најнаселен регион во Шпанија. во 2016 година, каталонија остварила извоз во вредност од 65 милијарди евра, со стапка на годишен раст од два отсто. тоа е повисоко од стапката на Европска Унија (0,7%), Шпанија (1,7%), Германија (1,2%) и на Италија (1,1%). Каталонија има највисок бруто домашен производ од сите шпански региони, 266 милијарди евра, што е речиси една петина од вкупниот бдп на Шпанија.


Skopje ID
[fbcomments]