Која е замената за Де Роси?

Искусниот Даниеле Де Роси по завршувањето на сезоната се збогуваше со Рома, а се чини дека управата на римскиот клуб веќе ја пронајде неговата замена.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома има намера да го ангажира Роландо Мандрагора, младиот италијански репрезентативец и член на Удинезе.

Станува збор за дефанзивен играч за врска кој минатото лето пристигна во Удинезе од редовите на Јувентус за 20 милиони евра. Мандрагора во Серија А дебитираше на само 17 години во дресот на Џенова, а во 2016-та година за девет милиони евра се пресели во Јувентус.

Минатата сезона Мандрагора одигра 36 натпревари, постигна три погодоци и додаде две асистенции.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »