КЛИМАТСКИ ПРЕДИЗВИК ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ – ПАК ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ!


Kлиматски предизвик отворен за сите граѓани на Македонија е објавен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

ideaaalll

Вториот конкурс ги поканувасите граѓани да достават предлози за иновативни проекти насочени консеопфатната цел на “урбанаотпорност “, за:

 

  • Борба против климатските промени;
  • Намалување на загадувањето;
  • Заштитана зелените површини; или
  • Намалување на цврстиот отпад.

 

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од $ 10,000американски долари, од кои $ 1,000ќе бидат доделени како парична награда, додека$ 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип нарешение. Овавклучува технолошка поддршка, менторство и помош во изнаоѓање на партнери кои би можеле да бидат заинтересирани за усвојување на решението или за финансирање нанеговиот понатамошен развој.

 

Предизвикот има урбан фокус, бидејќи градовите се главни причинители на климатските промени, а истовремено се соочуваат со драматични ризици од нивните последици, вклучувајќи поплави и екстремни временски појави.

 

Моментално, повеќе од 60 отсто од населението во Македонија живее во урбаните центри, со околу 30 отстосамо во Скопје. Главниот град е дом на поголемиот дел економска активност на земјата и генерира најголем дел од емисиите поврзани со потрошувачка на енергија. Постојаната урбанизација врши голем притисок врз природните ресурси, загрозувајќи јачистата водасоотпадни води, чистиот воздух со загадување и зелените површини со урбанаекспанзија.

 

Борбата против климатските промени е една од седумнаесетте Глобални целиусвоени од сите земји членки на Обединетите нации минатата година”, изјавиПостојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. “Секоја земја и секој поединец има улога во оваа борба. Политиките и заложбите треба да се преточат во конкретни активности преку свежи идеи и ангажман од сите страни за нашите градови да станат побезбедни, позелени и почисти”.

На минатогодишниот климатски предизвик пристигна повеќе од 130 иновативни предлози од граѓаните. Двете победнички идеи –паметни влошки за обувки кои можеда служат заполнење на телефони, како и серија на вирални видео клипови со цел подигнување на јавната свест за климатските промени – се веќе успешно развиени во прототипи.

 

Сигурно постојат уште многу добри идеиза споделување.

 

Веќе 50 отсто од светската популација живее во градовите, а тој број постојано расте. Растечката урбанизација врши притисок врз снабдувањето со чиста вода, објектите за третман на отпадните води, зелените површини, како и јавното здравје. Со овој нов предизвик, ве повикуваме сите вас, граѓаните на Македонија, да ги споделите вашите креативни идеи за ублажување на овие притисоци”, речеДиректорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн. “Добрите идеи не се само во доменот на научниците и инженерите. Ги покануваме сите да гиставатсвоите капи за размислување за поддршка на глобалните цели за чиста енергија. Како што вели и слоган на конкурсот, Од Тебе Зависи“.

 

Овогодишниот предизвик започна со тизер кампања на Водно, каде што познатиот ликовен уметник Симонида Филиповска наслика загадена слика на градот долу. Локалните кафулиња, ресторани и книжарници се вклуќија во промоцијата преку забавни постови кои привлекоа внимание на хаштагот #одтебезависи.

 

Прогласувајќи го официјалниот почеток на кампањата, шведскиот амбасадор, МатсСтафансон,ја потсети публиката за потребата од искористување на сите потенцијални човечки ресурси во надминувањето на климатските промени.

 

“Исто како и Шведска, Македонија сесоочува со забрзана урбанизација.  Овој тренд  поттикнува нови размислувања околу клучните прашања, како што се снабдувањето со енергија и водните ресурси. Познато е дека урбаните центри од повеќе аспекти се пријателски насочени кон климата, носепакголемиот број предизвици мора да се решат. Амбасадата на Шведска во Скопје е горда што е повторно партнер со УНДП и другите, со цел да се поттикне иновативно и креативно размислување во Македонија околу тоа како да се искористат предностите од урбанизацијата и да се подобри отпорноста на градовите. Минатогодишниот “Климатски предизвик“ резултираше во многу импресивни и поттикнувачки придонеси, и јас со нетрпение чекам да видам што ќе презентираат натпреварувачите оваа година!“, вели шведскиот амбасадор, Матс Стафансон.

 

Електронската апликацијата за конкурсот може да се најде на: http://odtebezavisi.mk

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 1. јуни, 2016 година.


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]