Кијану Ривс се појавува во видео играта на деценијата

Вест која многумина ги изненади, зар не? Во ек е последното продолжение на сагата за платениот убиец Џон Вик, а Кијану Ривс одлучил (уште еднаш) да ги воодушеви фановите ширум светот и да се појави таму каде што никој не го очекуваше – во видео игра!

„CD Projekt RED“, продукциската куќа која гејмерите ги почести со незаборавни наслови од сагата „The Witcher“ и долгоочекуваната „Promised land“, веќе подолго време го најавува проектот кој ќе го промени модерното сфаќање на гејмерите.

Играта со наслов „Cyberpunk 2077“ би требало да излезе во текот на месец април, 2020-та година, а на големиот настан на Microsoft „E3“, фановите имаа шанса да го погледнат новиот трејлер за претстојниот хит. И што да видат?

Таму, со главата и со брадата се појавил Кијану Ривс.

Настапот на Ривс бил во складност со неговата персона – приземен, духовит и судејќи по количината на коментарите кои го преплавија интернетот – многу ефикасен.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »