Керик му одржал лекција на Погба


Жозе Мурињо вчера за првпат се огласи како бивш менаџер на Манчестер Јунајтед, порачувајќи дека нема што посебно да додаде за отказот кој го заработи од клубот кој веќе е важи за минато во неговата тренерска кариера.

karik-pogb

Искусниот португалски стручњак заработи отказ во тмурното вторничко утро во Карингтон центарот, откако директорот Ед Вудворд лично му соопштил дека повеќе нема да го води првиот тим на „ѓаволите“ по последниот колапс на „Енфилд Роуд“. Оваа вест експресно одека како бомба во јавноста, а најконтроверзна реакција дефинитивно имаше Пол Погба кој имаше најголема причина да биде задоволен од ваквиот расплет.

Французинот имаше неподнослив однос со Мурињо во последно време, па поради тоа, тој прв се израдува за веста која пристигна од Карингтон, објавувајќи контроверзен пост на социјалните мрежи. За невкусниот потег, Погба беше „распарчен“ од страна на Гери Невил, а како што тврдат угледните англиски таблоиди како „Сан“ и „Мирор“, добил лекција и од страна на Керик кој беше помошник на Мурињо.

Легендата на Јунајтед го опоменал Погба за недоличниот пост и пред сите му замерил за реакцијата по отказот на Мурињо, а потоа на останатите им ставил јасно до знаење дека ниту еден фудбалер и менаџер не е поголем од клубот. Оваа лекција за Погба доаѓа од играчот кој до лани му беше соиграч на теренот, а кој сега ќе ужива голем авторитет и под водство на Оле Гунар Солскјер бидејќи останува дел од стручниот штаб.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »