Кајли Џенер во досега невидена боја на косата


Откако успеа дури неколку месеци да ја задржи истата боја на коса, одлучила дека е време за нов изглед.

hP5Fk-44320699-194483654h2487605-2249145052671561658-n

Кајли Џенер од летото беше русокоса, освен кога направи краток експеримент со розова коса, но сега се одлучила за трајна промена на изгледот.

На својот Инстаграм профил, споделила видео направено за време на фарбањето, во кое ја покажала својата нова, храбра боја на коса.

View this post on Instagram

New hair alert

A post shared by Kylie Jenner (@kyliesnapchat) on

Кајли овојпат се одлучила за сребрена нијанса, а со ваква боја досега не сме имале прилика да ја видиме, а ѝ прилега изненадувачки одлично.

Се ослободила и од екстензијата која ја носеше пред оваа најнова промена и се вратила на класичната боб фризура.

Интересно е и тоа што неодамна на својот Инстаграм профил споделила фотографија од времето кога била бринета, со опис дека е „подготвена да се врати на старо“, но изгледа дека сепак се предомислила. Веруваме дека поради нејзиниот нов избор на фризура, ќе покрене и нов тренд, односно дека сребрената боја на коса ќе биде модерна оваа сезона.

View this post on Instagram

almost ready for my dark hair 🖤 #Throwback

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

 


Skopje ID
[fbcomments]