Касемиро го посочи главниот проблем на Реал по дебаклот на „Ел Класико“


Реал Мадрид го допре дното со денешниот тежок пораз од Барселона на големото „Ел Класико“ дерби кое се одигра на „Камп Ноу“, а првиот претставник од редовите на гостинскиот тим кој собра храброст да зборува со новинарите беше играчот за врска, Касемиро.

casemiro-kolena (1)

Бразилскиот деструктивец не го криеше огромното разочарување од сликата која ја остави Реал во поразот од 5:1, нагласувајќи дека вината не треба да се бара кај тренерот, туку кај играчите кои ги посочи како главни причинители за ужасните резултати.

– Сликата која ја оставивме денеска е сликата на досегашниот дел од сезоната. Не сме како што треба, резултатот ни кажува дека правиме многу лоши работи. Не можеме да го обвиниме тренерот, има само еден виновник, а тоа се играчите кои играат на теренот. Не се работи само за ставот и односот на теренот, се работи за повеќе нешта. Мора да трчаме повеќе, да се бориме повеќе, да покажеме срце. Ќе повторам, тренерот не е виновен. Не играме добро, виновни се играчите. Мора да работиме напорно и да се обидеме да се подобриме, – порача Касемиро.


Skopje ID
[fbcomments]