Каролина во MANGO и во најубавата боја на сезоната

Денес ја објавуваме втората серија фотографии од соработката Каролина Гочева и MANGO.

Овој пат се работи за комбинација одлична за меѓусезонско, модерно
облекување. Фуксијата која доминира како боја е одлична за да го долови вистинското пролетно расположение кое владее деновиве.

Здолниште со разигран принт и капут одличен за дневни и вечерни излегувања, а сето тоа дополнето со металик патики и ултра впечатливи обетки.

Совршена комбинација за урбан и во исто време женствен изглед.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »