Карвахал го напушт Реал!?


Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, не ја исклучува можноста да го напушти клубот.

dani3994

Карвахал е еден од најдобрите играчи на својата позиција во светот, а од почетокот на новата сезона, во која Реал игра катастрофално, заедно со повредениот Иско, е најдобар играч.

„Би сакал да играм во Премиер лигата. Сакам го почувствувам тоа. Нема да се пензионирам додека не играм во Премиер лигата“, изјавил Карвахал за „Либеро“.

Карвахал кариерата ја почнал во вториот тим на Реал, сезоната 2012/2013 ја мина во Баер Леверкузен, потоа Реал го откупи неговиот договор за пет милиони евра, а тој стана еден од столбовите во играта на „кралскиот тим“.


Skopje ID
[fbcomments]