Капитол мол подготвува Велигденска забава во дворот на зајакот Белко

Капитол мол подготвува уште едно незаборавно доживување за целото семејство. Овие петок и сабота, 19. и 20. април 2019, во молот ќе биде организиран интерактивен и забавен настан „Дворот на зајакот Белко“.

Самиот „Белко“ ќе дојде по повод Велигден со цел да им покаже на сите кој е изворот на среќата. Тој е договорен со многу пријатели и во петок, 19. април 2019, и од 18.00 часот во Капитол мол ќе пристигнат BREAK A LEG и „Белко“ ќе организира караоке со сите, по кое ќе следи детската работилница со „Просветно дело“. Додека, во сабота, 20. април 2019, во 11.00 ќе дојдат феноменалните „Поточиња“ по кои ќе има уште една прекрасна работилница со „Просветно дело“.

Покрај одличната забава „Белко“ подготви многу изненадувања и многу награди сокриени во неговиот двор во Капитол мол. Но, тие ќе ги држи во тајност уште некое време бидејќи подароците се секогаш послатки кога се изненадување.

Од Капитол порачуваат, „Ајде да изградиме уште еден дворец на насмевки, љубов и многу, многу среќа.“


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »