Кансело оди во Манчестер Сити

Англискиот шампион веќе размислува за засилувањата за идната сезона, а едно од првите поголеми засилувања на екипата на Гвардиола би можел да пристигне од Јувентус.

Италијанските медиуи пренесуваат дека Манчестер Сити и Јувентус веќе подолго време преговарале за португалскиот десен бек Жоао Кансело. Наводно „Граѓаните“ понудиле 40 милиони евра и Данило за Португалецот, но од Јувентус ја одбиле понудата, барајќи исклучиво пари.

Најновата понудата на Сити наводно изнесувала 50 милиони евра и голема е веројатноста двата клуба деновиве да постигнат договор.

Кансело во Јувентус пристигна минатата година од редовите на Валенсија, откако Интер одлучи да не го откупи неговиот договор. Минатата сезона тој за Јувентус настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и додаде осум асистенции.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »