Каније ја наградил Ким со милион долари поради една услуга!


Каније Вест е познат по претерувањето во сѐ, па дури и кога се во прашање подароците за неговата сопруга, Ким Кардашијан.

rAXdq-screenshot-1

Иако Ким има милиони на сметката, секој дополнителен долар ѝ е добредојден, а токму со чек од милион долари ја наградил Каније, поради нејзината послушност.

Ријалите ѕвездата раскажала дека еден бренд, кој не сака да го именува, ѝ понудил милион долари за да објави една фотографија на социјалните мрежи, со цел да ја испромовира нивната облека.

View this post on Instagram

❤️We Got Love ❤️

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

„Го прашав Каније што да правам, а тој ми рече дека не сака да соработувам со нив, бидејќи тие се конкуренција на неговиот бренд „Yeezy“. Го послушав, иако му реков дека тоа се многу пари“, раскажала Ким.

Седум дена подоцна бил Денот на мајката. Каније бил во друг град, па на својата драга сопруга ѝ испратил цвеќе и коверт, во кој имало чек од милион долари.

„Ми напишал: Ти благодарам што секогаш ме поддржуваш и што не ја објави фотографијата“, рекла Ким.

Освен милион долари, Каније ѝ подарил и дел од сопственоста на „Yeezy“. На прашањето дали го прокнижила чекот, одговорила потврдно.


Skopje ID
[fbcomments]