Камила Кабелјо ќе биде новата Пепелашка

Кантавторката и латино атракција Камила Кабелјо ќе ја игра улогата на Пепелашка во новиот филмски проект базиран на бајката на браќата Грим за кој сценарист и режисер ќе биде Кеј Кенон, за Sony Pictures.

Кабелјо ќе биде вклучена и во правењето на музиката за проектот, идеја што прв ја предложи водителот Џејмс Корден. Тој и Лео Перлман ќе бидат продуценти преку нивната продукциска куќа Fulwell73.

Новата приказна за Пепелашка ќе биде повеќе ориентирана на музика во споредба со традиционалната приказна за девојчето од благородничко семејство кое ќе остане сираче и ќе страда од злобната маќеа додека не го најде својот принц.

Камила Кабелјо, родум Кубанка, се прослави како дел од женската група „Фифт хармони“, а потоа почна соло кариера. Статусот на суперѕвезда го постигна со хитот „Havana“ од деби албумот „Camilla“.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »