Италија во шок: Давиде Астори почина во сон


Трагична вест ја погоди Италија додека фудбалската јавност во земјата се подготуваше за неделните мечеви од 27. коло во Серија А. Почина капитенот на Фиорентина и повремен репрезентативец на „азурите“, Давиде Астори (31). Според медиуми на Апенините, фаталниот момент за централниот дефанзивец на „виолетовите“ се случил рано утрово во хотелот „Ла ди Морет“ во Удине каде тимот од Фиренца требаше да му гостува на Удинезе од 15 часот.

Davide-Astori-750x437

„Скршени сме од сознанието. Фиорентина ги известува сите дека капитенот Давиде Астори почина“, стои во краткото обраќање на тимот од „Артемио Франки“.

Астори утрово не се појавил на договорениот доручек со екипата што било знак дека нешто се случува. Луѓето од стручниот штаб се упатиле кон хотелската соба во која беше сместен и го нашле безживотното тело на својот капитен. Првичните информации велат дека причина за смртта е срцев удар.

Поради смртта на Астори, италијанскиот фудбалски сојуз ги одложи сите натпревари од 27. коло во Серија А што требаше да се играат во текот на денот.


Skopje ID
[fbcomments]