Инстаграм воведува четири нови функции


Опциите што треба да се најдат во понудата се уште се тестираат, а тоа се:

instagram

1. Универзален портретен мод

Станува збор за копче кое ќе го замени нормалното копче за правење фотографии кога фотографираме со помош на портрет-камерата на Instagram. На прв поглед, тоа е универзален портрет мод која не е поврзан со хардверот на телефонот, кој теоретски би требало да создава портрети со помош на вештачка интелигенција, дури и ако вашиот телефон го нема потребниот хардвер.

2. Cinemagraph

Ова се слики што се половина фотографија, а половина анимација, односно мал дел од сликата е во движење. Со оваа функција може да го потенцира најинтересниот дел од сцената.

3. Преземете ги вашите информации

Инстаграм работи на тоа да им овозможи на корисниците да ги преземат сите информации за нив, складирани на нивните сервери.

4. Организирајте го разговорот

Instagram ја тестира можноста за обележување на одреден разговор за полесно да го пронајдете или да го означите како омилен со помош на ѕвездичката во горниот десен агол на разговорот.

Во прилог на овие опции, и според последните објави, Facebook во Instagram планира да увезе аудио и видео повици.

Техничките аналитичари велат дека апликацијата Instagram, наводно, веќе содржи код за аудио и видео повици што бара телефонски повици да бидат достапни преку оваа апликација. Неактивна опција е лоцирана во кодот на наведената апликација.


Skopje ID
[fbcomments]