Икарди е број 1 во Италија


Мауро Икарди е апсолутниот победник на доделувањето на наградите на најдобрите фудбалери во италијанскиот шампионат, според гласовите на Здружението на професионални фудбалери во оваа зземја. Асот на Интер ја доби наградата за најдобар стрелец минатата сезона, признанието за најубав гол (погодокот постигнат со пета на дуелот со Сампдорија), за на крајот да се закити и со „главниот оскар“ – оној за најдобар фудбалер во сезоната 2017/2018.

ikardi-broj1

Со тоа аргентинскиот голгетер ја прекина доминацијата на Јувентус, со оглед на фактот дека во претходните шест години редовно фудбалери на „старата дама“ стигнуваа до ова признание (последен што тоа не го сторил во дресот на Јуве беше Златан Ибрахимовиќ, во 2011 година како член на Милан).

Јувентус ја доби наградата за „најдобар тим на годината“, сосема оправдано со оглед на освоената двојна круна во „Серија А“ и во Купот на Италија, а Масимилијано Алегри по една година пауза повторно се закити со наградата за најдобар тренер, откако лани таа заврши во рацете на Маурицио Сари

Воедно, објавен беше и идеалниот тим за сезоната 2017/2018 година во кој се најде место за: Алисон Бекер (Рома), Кансело (Интер), Кјелини (Јувентус), Кулибали (Наполи), Алекс Сандро (Јувентус), Наинголан (Рома), Пјаниќ (Јувентус), Милинковиќ – Савиќ (Лацио), Дибала (Јувентус), Икарди (Интер) и Имобиле (Лацио).


Skopje ID
[fbcomments]