Игор Карачиќ во тимот на колото во Лигата на шампионите


Индивидуално признание за Игор Карачиќ кој беше најдобар играч на Вардар во победата над Мешков Брест, тој е сместен во тимот на шестото коло од Лигата на шампионите.

mkd-397000

Игор Карачиќ со 11 голови го предводеше Вардар во победа над Мешков Брест, а неговата маестрална партија не остана незабележана од медиа тимот на ЕХФ.
Ракометарот на Вардар е прогласен за најдобар лев бек на колото, покрај него во тимот се (Александар Вестби (Елверум), Мелвин Ричардсон (Монпелје), Михал Дашек (Висла), Ајденас Маласинскас (Мотор), Јаник Колбахер (Рајн Некар) и Бенџамин Буруќ (Фленсбург).


Skopje ID
[fbcomments]