Зоолошка градина Скопје со кампања за заштита на животните


„За здрави и среќни животни“ е кампања за подигање на свеста кај посетителите. Целта на оваа кампања е да се спречат несовесните посетители да фрлаат храна, но и отпадоци во живеалиштата на животните во Зоолошката градина.

зоо 2
-Вчера започнавме со кампањата за зашита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци кои можат да го загрозат животот на животните. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини. Храната која ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни.Прва во улога на ЗОО неговател ни се приклучи пејачката Тамара Тодевска со ќеркичката Хана. На Тамара ќе и се приклучат и многу други јавни личности- спортисти, пејачи, актери кои ќе бидат во улога на ЗОО негователи и ќе ги предупредуваат и едуцираат несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна кај животните, соопшти директорот Ѓорѓи Галетановски.
zoo-3-610x400


Skopje ID
[fbcomments]