Зидан: Повредата на Нејмар, ниту малку не ме радува


Веста за повредата на Нејмар, односно можноста да го пропушти реванш мечот со Реал Мадрид, не го израдува Зинедин Зидан, кој не сака неговата екипа на таков начин да има било каква предност во реваншот на „Паркот на Принцовите“.

zizu

Сепак, последните вести од Париз велат дека повредата на Бразилецот не е од сериозна природа, и дека ќе биде подготвен за мечот на 6. март на „Паркот на принцовите“, иако Зидан во текот на конференцијата за медиумите тоа се уште не го знаеше.

„За мене тоа не е радост. Не сум задоволен поради повредата на Нејмар, се надевам дека ќе игра во реваншот. Не би сакал противникот да не игра поради повреда. На негово место може да биде било кој друг играч. Не сакам кога играчите ќе се повредат. Го следев мечот на ПСЖ кога се случи тоа, и тој детал не ми се допадна“, истакна Зидан.

Кралскиот клуб со добар резултат патува во главниот град на Фрнација, но нема сомнеж дека не очекуваат уште многу возбудувања на тој меч.


Skopje ID
[fbcomments]